Дарко Чурлинов повторно ја доби довербата на селекторот Милевски и беше во стартните единаесетмина, а крилниот офанзивец на најдобар начин се „заблагодари“, успевајќи да постигне еден од петте погодоци на Македонија на денешниот натпревар.
Тој ен го криеше задоволството од професионалниот пристап и рутинската победа, најавувајќи дека Македонија ќе продолжи во ист стил и во идинна, особено на домашните натпревари.
„Она што го договаравме пред мечот успеавме да го реализираме, да го пренесеме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки нннатпревар, никој не може да влезе во натпревар со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме 100%, а секоја селекција што ќе гостува во Македонија ќе треба да знае каде доаѓа и ќе треба да си го испоти задникот ако сака да слави овде“, изјави Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

