Предводникот на новата генерација македонски надежи, Дарко Чурлинов е убеден дека младута сили на Благоја Милевски може да се надигруваат со секој противник до крајот на квалификациите за пласман на ЕП 2022.
Младата репрезентација денеска, со петтиот свој натпревар во групата, против Шпанија од 18:45 часот на националната арена во Скопје ги продолжува квалификациите.
„Шпанија е секако фаворит пред оваа пресметка, но ние напорно трениравме анализирајќи ги и сите нивни негативни страни. Во првиот натпревар против нив загубивме поради наши грешки. Ако бидеме фокусирани денеска мислам дека можеме да извлечеме добар резултат. Верувам дека во следните два натпревари можеме да освоиме четири бода“ – вели Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА