Чурлинов: Сите знаат дека Шалке ми е во срцето, но …

Дарко Чурлинов воопшто не е дел од првиот тим на Барнли во досегашниот дел од сезоната, па не е никакво изненадување што македонскиот репрезентативец очекува трансфер во зимскиот преоден рок, во клуб каде би можел да се врати во натпреварувачки ритам.

Компани не смета сериозно на неговите услуги, Барнли активно бара купец за Македонецот, а засега најконкретен во интересот е германскиот второлигаш Шалке, клубот за кој Чурлинов настапуваше пред две години пред да се пресели на „островот“.

„Сите знаат дека Шалке е клуб што ми е во срцето. Би сакал да дојдам и да помогнам да има успешен втор дел од сезоната, искрено го посакувам тоа. Но, јас не сум тој што решава, Барнли ќе го има последниот збор“, изјави Чурлинов.

Неофицијално, Шалке е подготвен само да плати минимална сума за позајмица на шест или на 18 месеци за Чурлинов, па се очекува одговорот на англискиот клуб, кој се надева дека ќе си врати дел од вложените 3,5 милиони фунти за ангажман на Македонецот.

Се вчитува...