Денешниот меч со Холандија нема да биде само последен за Македонија на овој европски шампионат, туку и крај на една ера, на ерата на Горан Пандев, кој со години наназад го носеше репрезентативниот дрес.
Дарко Чурлинов е еден од оние млади асови кои важат за иднина на македонската репрезентација, а „бисерот“ на Штутгарт преку емотивна објава на Инстаграм испрати порака до капитенот Пандев.
„Прв пат кога ме однесе татко ми на стадион ти се восхитував, сега за последен пат сум со тебе на теренот дур го носиш за последен пат светиот дрес. Огромна е честа, Гранде“, напиша Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА