Чурлинов со Јагелонија во четвртфинале на Конференциската лига!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе игра четвртфинале во Конференциската лига на УЕФА со полска Јагелонија, откако успеаја во осминафиналето да го елиминираат белгиски Серкл Бриж.

Јагелонија на реванш дуелот во Белгија загуби со 2-0, но тоа беше доволно за продолжување на европската сцена по победата на Полјаците на домашен терен во првиот меч од 3-0.

Белгијците до предност од 2-0 дојдоа со погодоците до 50. минута од средбата. Дарко Чурлинов во игра влезе во 58. минута на средбата, и до крајот Јагелонија успеа да се одбрани без да дозволи нов погодок и да се пласира во четвртфиналето.

Четвртфинале обезбеди и шведски Ѓурѓарден по убедливата победа од 3-0 над Пафос.

Борац Бања Лука, пак, преку продолженија ќе бара пат до четвртфиналето откако во регуларниот дел мечот против Рапид Виена заврши 1-1, идентично како и на првиот меч во Бања Лука.

Бобан Николов во игра влезе во 75. минута од средбата кај Борац, а на клупата за резервни фудбалери е и репрезентативниот голман Дамјан Шишковски.

Се вчитува...