Дарко Чурлинов ги надмина сериозните здравствени проблеми, крилниот офанзивец веќе одиграа неколку средби за младинскиот тим на Барнли и се врати во натпреварувачки ритам, па сега максимално мотивирано ја дочекува пресметката со Англија.
Чурлинов не крие дека му е голем сон да постигне гол против „гордиот албион“, но и потенцира дека конечната одлука околу тоа дали и колку ќе игра ќе ја има селекторот.
„Како што можете да замислите, нормално дека сакам да играм против Англија. Апсолутно сакам да сум на теренот, но за тоа одлучува селекторот, ако ме избере ќе биде одлично, подготвен сум за настап. Од мал ја гледам Премиер-лигата, најсилната лига во светот, сега имам шанса да играм против Англија во мојот роден град и со нетрпение го очекувам тој меч. Сонувам за гол против Англија во Скопје, тоа би било прекрасно“, изјави Чурлинов во пресрет на утрешниот дуел.
Иако важи за голем фан на Премиер-лигата, Македонецот нема омилен тим во елитното англиско фудбалско друштво, бидејќи од малнавива за еден италијански гигант.
„Уживам во Премиер-лигата, но немам тим за кој навивам. Да бидам искрен, најмногу го гледав Њукасл бидејќи нивните навивачи се толку добри, исто така и Арсенал… Уште од најрано детство се сеќавам дека целото мое семејство навиваше за Милан, јас само ја продолжив таа традиција. Првиот дрес што го имав беше од Шевченко, го сретнав Шева пред да играме со Украина и се ракував со него, се почувствував како млад навивач повторно“, истакнува Дарко Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА