Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, по враќањето во Шалке 04, првпат и стартер за тимот од Гелзенкирхен во победата во 20. коло од Втората германска Бундеслига.
Шалке 04, по три едноподруго натпревари без победа, конечно славеше на домашен терен со 1-0 против Брауншвајг.
Чурлинов го почна натпреварот одигрувајќи 65 минути кога беше заменет од Мор. Претходно Караман во 61. минута го постигна единствениот гол на мечот, вреден три бода за Шалке 04.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

