Чурлинов стрелец за Барнли во триумфот над Блекбурн во У-23 лигата на Англија

Во очекување на првите минути за првиот тим на Барнли по долгата пауза поради здравствените проблеми, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов враќањето во посакуваната форма го гради со настапите за вториот тим на Барнли кој се натпреварува во У-23 лигата на Англија.

Па, Чурлинов денеска го постигна и првиот гол по враќањето на терените во победата на Барнли од 2-0 против Блекбурн во најсилната лига до 23 години.

Чурлинов, според извештаите од Англија, постигнал прекрасен погодок во 42. минута со шут од околу 20 метри. Настапи до 70 минута на дуелот, по кој се очекува престојниот викенд да се најде и во комбинација за настап во првиот тим на Барнли.

Се вчитува...