ЧУРЛИНОВ ВО ФАНТАСТИЧНА ФОРМА: Мајсторски го „стресе“ и Бетис, но Јагелонија, сепак, без полуфинале во КЛ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов игра во фантастична форма оваа пролет во дресот на полската Јагелонија.

Нов гол за Чурлинов сезонава, откако викендов стрелаше и во полскиот шампионат за победа во дербито со Легија Варшава, сега во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА.

Јагелонија на реваншот пред своите навивачи одигра 1-1 со шпански Бетис, што беше недоволно за пласман понатаму по онаа победа од 2-0 на Шпанците на домашен терен.

Чурлинов беше стрелец на единствениот гол за Јагелонија, и тоа во 81. минута, откако извонредено се снајде пред голот на гостите, крадејќи топка а потоа мајсторски погодувајќи со шут од 12 метри.

ГОЛОТ НА ДАРКО ЧУРЛИНОВ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Пласман во полуфиналето обезбеди и Фиорентина која ремизираше (2-2) во Фиренца со словенечки Целје, но оди во Топ 4 благодарение на гостинската победа од 1-2.

Се вчитува...