Чурлинов во супер-форма: Нов гол и за осминафинале на Јагелонија во Конференциската лига (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе игра во осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА. По победата на гостински терен против ТСЦ Бачка Топола со 1-3, овој пат со идентични 3-1 Јагелонија трумфираше и пред своите навивачи во Полска.

Чурлинов, овој пат, во игра влезе во 70. минута од средбата, но повторно се најде себеси во фокусот со нов пстигнат гол.

Во 76. минута Чурлинов одлично се снајде пред голот на гостите, шутираше од 12 метри откосо, при што топката ја зафати гостинскиот дефанзивец Радојевиќ и отседна во мрежата. И покрај тоа што дел од медумите голот го запишуваат како автогол на дефанзивецот на ТСЦ, сепак официјално е погодок на Чурлинов бидејќи топката веќе се движеше во правец на голот на противникот.

Jagiellonia Białystok [3]-1 TSC – Viktor Radojević OG 76′ | agg. [6]-2
byu/4gjdtokurwa insoccer

Во осминафиналето се пласираше и Целје по гостинската победа над Омонија од 0-2, како и Панатинаикот кој на домашен терен со 2-0 славеше против Викингур, и покрај изненадувачкиот пораз од 2-1 на Исланд пред една недела.

Се вчитува...