Дарко Чурлинов конечно излезе од болница, излегувајќи како победник од борбата со шокантната болест поради која македонскиот репрезентативец мораше да мине подолг период во болнички кревет, најпрвин во Белград, а потоа и во Манчестер.
Тој денеска проговори за најстрашниот период во животот, обелоденувајќи што точно се случувало во тие кобни денови.
„Се беше нормално, тргнав на одмор и токму тогаш почувствував треска. Веднаш потоа, имав силна болка на левата страна до градите. Ми беше дијагностицирано труење со храна, по што пет дена се наоѓав во животна опасност. Пред неколку дена бев префрлен во клиниката во Манчестер, каде ми беше извршен и мал хирурки зафат, за да биде извлечена течноста што ми се имаше собрано во белите дробови“, прокоментира Чурлинов.
Македонскиот ас се уште е поврзуван со трансфер во редовите на Шалке, но во моментов не сака да коментира на таа тема.
„Што носи иднината на спортски план? Ќе видиме, мојот агент се грижи за тоа и верувам дека ќе ја најде најдобрата опција“, изјави крилниот офанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА