Најавите дека Чус Матео нема да се спаси на клупата на Реал Мадрид и покрај втората освоена титула во низа во АЦБ лигата и дефинитивно се остварија откако на искусниот стручњак му било соопштено дека договорот ќе му биде раскинат една година порано од очекуваното.
Мадридските медиуми „Марка“ и „Ас“ се повикуваат на истите извори, според кои Матео бил повикан од страна на управата на шпанскиот гигант, при што му било соопштено дека соработката се прекинува. Официјализацијата се очекува најдоцна во следните 48 часа, но веќе нема дилема дека Матео ќе ја плати цената за слабите игри на тимот во Евролигата, каде Реал Мадрид не уѕспеа да се пласира на фајналфор турнирот од елитното европско натпреварување.
Веќе е познато и името на неговиот наследник, тоа е шпанската тренерска легенда Серџо Скариоло, кој прифатил по 23 години да се врати назад на кормилото на „кралскиот клуб“.
Доскорешната играчка легенда на Реал Мадрид, Серџо Родригез, се враќа назад во клубот, но во улога на спортски директор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

