Тенерот на Реал Мадрид, Чус Матео не го криеше задоволството од пласманот во финалето на Евролигата и победата над Барселона. Иако „кралевите“ влегоа како благи аутсајдери во пресметката со „каталонците“, сепак, на крајот успеаја да го добијат натпреварот.
Во финалето Реал Мадрид за големиот трофеј ќе се бори против Олимпијакос на Ф4 во Каунас.
„Не е важно што другите мислат за нас, важно е што ние верувавме дека можеме да победиме. Ова е тимска работа, се е заслужено. Се боревме и сега ќе сонуваме и понатаму. Многу сме среќни поради ова“, рече Матео.
Финалето е во недела во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА