Чус Матео ќе остане на клупата на Реал Мадрид и во следните две години, пренесуваат шпанските медиуми. Актуелниот договор на младиот шпански стратег истече со крајот на сезоната, но во главниот град на Шпанија владее големо задоволство од неговата работа засега.
Матео го превзема Реал Мадрид пред две години откако тогашниот тренер Пабло Ласо беше хоспитализиран поради здравствени проблеми.
Матео ја освои титулата во Лига Ендеса во 2022 година како заменик тренер, а и го врати својот тим на тронот оваа сезона освојувајќи го првенството на доминантен начин.
Покрај тоа тој го предводеше Реал Мадрид до титулата во Евролигата претходната сезона, а оваа ја заврши како европски вицешампион откако неговиот тим загуби во големото финале од Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА