„Чувствував голем притисок затоа што ПСЖ за мене плати 90 милиони евра“

Францускиот напаѓач Рандал Коло-Муани ја наведе причината за неговиот неуспех во ПСЖ. Напаѓачот беше купен за 90 милиони евра од Ајнтрахт, но на 54 меча постигна само 11 голови и запиша седум асистенции. Голгетерот сега игра во Јувентус како позајмен играч.

Коло-Муани не ги оправда очекувањата, и покрај тоа што беше скапо платен од страна на францускиот првак.

„ПСЖ плати за мене огромни пари, 90 милиони евра, и бев под голем притисок. Не може секој да се справи со тоа. Јас не успеав. Имав можности, но не можев да ги искористам. Можеби ме боли, но не жалам за ништо“, рече Коло-Муани.

Се вчитува...