Coca-Cola и Marvel составија епски инфлуенсерски тим

Кога ти е потребен супер херој, тука се Coca-Cola и Marvel. A кога ќе се здружат два гиганта како овие се добива величествено партнерство. Резултатот е лимитирана серија лименки и шишенца Coca-Cola, кобрендирани со суперхероите на Marvel.

Инспирирано од моќта на супер хероите на Marvel и од енергијата на поврзување на луѓето која е обвиена околу брендот на Coca-Cola, глумецот Гораст Цветковски ја доби задачата да биде новиот капетан во градот, во стилот на Капетан Америка, и да состави епски тим. Му се придружија инфлуенсерите Александра Трпеска и Александар Динев, јутјуберот Стефонатор, водителот Марко Новески и глумецот Стефан Николовски. Како што Капетан Америка ги предводи Одмаздниците, така и Гораст ја предводеше „битката“ на својот тим – инфлуенсерите се натпреваруваа во подигање пакети Coca-Cola, одење по права линија со лименка на главата, „фудбал“ на голчиња од лименки и многу други забавни игри.

Тие не откриваат кој победи, а кој изгуби, но велат дека успешно го победиле главниот негативец, досадата, супер се забавувале и се дружеле.

Уште еден предизвик за тимот е собирањето на лименките и ликовите од лимитираната серија. Дополнителна забава се крие зад QR-кодот поставен на лименките Coca-Cola. Откако ќе го скенирате и ќе ја позиционирате камерата на супер херојот од лименката, ликот оживува благодарение на AR (augmented reality). Доколку, пак, позиционирате две различни лименки една до друга, ќе бидете сведоци на епска битка меѓу двата херои.

Серијата рилови на тимот може да ги погледнете на профилот на @cocacolamakedonija на Инстаграм.

Се вчитува...