Црвена Звезда продолжува со серијата порази

По голема борба и незвесна завршница, Макаби успеа да ја совлада Црвена Звезда во Тел Авив со 81-76 и да стигне до четвртата победа во Евролигата.

 

По изедначената игра во првата четвртина во која двата тима неколку пати го заменија водството, Макаби беше оној кој ја превзема иницијативата во втората четвртина, имаше предност од 31-23, но следеше подобра игра на Црвена Звезда со која Србите преку мирната рака на Давидовац и поените на Лојд стигнаа до негатива од -3 (41-38) по дваесет минути игра.

 

Домаќините го затворија рекетот на почетокот на второто полувреме, му дозволија на гостинскиот состав само еден поен за пет минути и направија нова двоцифрена преднсот (51-39), а имаа и шанси истата да ја зголемат, меѓутоа „гордоста на Израел“ не го искористи отворени шутеви. Белграѓани се консолидираа, заигра далеку подобро и веќе за четири минути ја вратија неизвеноста. Во последната четвртина на помалку од четири минути до крајот на натпреварот, „црвено-белите“ имаа предност од 69-70, но следеше нов пост во кој Макаби со три тројки на Елајџа Брајант стигна до победа.

Најрасположен во редовите на домашниот состав беше Скоти Вилбекин со 23 поени и 4 скока, додека Елајџа Брајант додаде 18 поени и 6 скока. Кај гостите од Србија прв стрелец со 24 поени и 5 асистенции беше Џордан Лојд, додека Дејан Давидовац додаде 14 поени и 3 украдени топки.

Се вчитува...