Репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо е полн со пофалби за неговиот поранешен соиграч од редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми. Олмо вели дека доколку македонскиот репрезентативец бил Португалец сигурно ќе вредел барем 100 милиони евра.
„Благодарен сум на секој миг што го поминав во Динамо Загреб и во Хрватска. Сакав да играм за Шпанија и на крајот се решив за неа. Голема благодарност до капитенот на Динамо, Аријан Адеми. Да беше Португалец, ќе вредеше повеќе од сто милиони евра“, вели Дано Олмо.
Дани Олмо утре го очекува меч против Хрватска во осминафиналето од Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА