ПСЖ победнички ја започна новата сезоната во Лигата на Шампионите. Парискиот тим на домашен терен славеше со 2-1 против Јувентус во дербито на колото, благодарение на двата гола на Килијан Мбапе.
Францускиот голгетер стрелаше во 5. и 22. минута, но имаше и добри шанси кои не ги искористи за поголемо водство на својот тим. По натпреварот говореше токму на таа тема, притоа велејќи дека тоа е нормален дел од спортот.
„Мала е разликата помеѓу првите 35 минути и второто полувреме. Промашив многу шанси во животот, и уште многу ќе промашам, но и ќе постигнам уште многу голови. Тоа се нормални работи кои се случуваат. Својот тим не го казнувате со промашените обиди, туку со размислување за промашените обиди. Имаме слабости и го знаеме тоа, но ќе работиме на нив. Ова е Лига на Шампиони. Да беше лесно, ПСЖ веќе је ја освоеше“, вели Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

