„Да бев шеф на Мерцедес, ќе го избркав Хамилтон“

Луис Хамилтон се уште нема потпишано нов договор со Мерцедес. Поранешниот сопственик на тим од Формула 1, контроверзниот Еди Џордан, смета дека директорите на Мерцедес грешат што чекаат премногу долго за Хамилтон да донесе одлука. Според него, Германците треба јасно да му кажат на светскиот шампион дека сите возачи се заменливи.

“Само што слушнав дека Луис сака повеќе да заработи, отколку што Мерцедес е подготвен да плати. Да бев шеф на Мерцедес, ќе му ја покажев вратата – или возиш под наши услови или си одиш. За Формула 1 како спорт би било најдобро тој да замине во Ред Бул и да се бори заедно со Ферстапен, возејќи ист болид“, истакна Џордан.

Џордан воедно откри за една случка непозната за јавноста и краток говор што поранешниот шеф на Ф1, Берни  Еклстон го одржал пред газдите на тимовите по трагичната смрт на Аиртон Сена.

„Исто така би му го повторил она што го кажа Берни Еклстоун по смртта на Аиртон Сена. Берни беше шокиран и тажен како и сите други, но прв од сите се вразуми и ни рече: ‘Престанете да лелекате сега. Сите се заменливи. Луис ова треба да го има на ум, тој треба да знае дека сите се заменливи’“, открива Еди Џордан.

Се вчитува...