Да дадеме максимална поддршка на Македонија: Од утре билети и на билетарата на арената „Тодор Проески“!

Македонската фудбалска репрезентација во петок (6 јуни) од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје на дуелот против најголемиот фаворит за првото место во групата за пласман на СП 2026, селекцијата на Белгија.

Вистински спектакл на најголемиот македонски стадион од каде се очекува и максимална поддршка за избраниците на Благоја Милевски.

А, билети, по повеќе од популарни цени од 300 до 500 денари, веќе може да се набавуваат преку новиот систем на ФФМ (eticket.ffm.mk)

Како што информираа од Фудбалската федерација на Македонија, билети од утре (4 јуни) ќе може да се набават и на билетарата на националната арена „Тодор Проески“.

Се вчитува...