Машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија во четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
На 27. ноември, во салата на СРЦ „Кале“, Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Азербејџан, во првиот претквалификациски натпревар од групата „А“.
Македонската кошаркарска федерација одлучи влезот за натпреварот да биде бесплатен како начин за поддршка на репрезентативците.
„Ги повикуваме сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен. Во соработка со Македонската радио и телевизија, обезбеден е и директен ТВ пренос од натпреварот кој стартува од 19 часот“ – информираат од Кошаркарската федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

