Да Куња ја „скина пајажината“, Комо се доближи до ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Комо ги освои бодовите на гостувањето кај Каљари со победата од 1-2, и така тимот на Цеск Фабрегас се доближи до местата кои носат во Лигата на шампионите идната сезона.

Мартин Батурина во 14. минута успеа да го отвори резултатот и да донесе предност за гостите. Во 56. минута Еспозито израмни.

Овој резултат беше актуелен до 76. минута кога прекрасен гол постигна Да Куња, и ги постави конечните 1-2.

Се вчитува...