„Да му го земеш мозокот и го ставиш на птица, ќе лета наназад“

Бостон Селтикс изминатата вечер го доживеаа привиот пораз по 20 последователни победи на домашен терен во НБА лигата откако беа запрени од страна на Денвер Нагетс кој предводен од Никола Јокиќ славеше на гостувањето во „ТД Гарден“ со 100-102.

По натпреварот жестоки навреди кон тренерот на Бостон, Џо Мазула упати поранешниот кошаркар на овој тим, контроверзниот Кендрик Перкинс.

„Постојат два Џо Мазула. Едниот има филозофија дека тимот ќе погоди повеќе тројки од противникот и кога ќе ги погодат изгледаат добро. А, другиот Џа Мазула само стои таму и се прашуваш ‘Да му го земеш мозокот и го ставиш на птица, ќе лета наназад’“, изјави Перкинс.

Перкинс најголем дел од својата НБА кариера ја помина во редовите на Бостон, клуб за кој настапуваше од 2003 до 2011 година.

Се вчитува...