„И да не бев фудбалер, сигурно немаше да бидам молер како мојот татко“

Животните приказни на некои фудбалери се навистина невообичаени. Џек Грелиш во моментов е една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал откако „експлодираше“ во дресот на Астон Вила и заслужено доби покана до националниот тим за настап на ЕП.

Грелиш најпрво се најде во центарот на вниманието кога не сакаше да ги смени искинатите фудбалски копачки се додека Астон Вила не се врати во Премиершип.

„Јасно е дека чорапите треба да одат до колена за да ги покријат костобраните. Сепак, една година ми се собраа и намалија чорапите кога ги перев, па не можев да ги преболам“, изјави англискиот репрезентативец.

Иако ужива во популарноста и славата, Грелиш се труди да ужива максимално во животот со своите пријатели. Тој откри и што би сторил доколку не беше фудбалер. Како дете, неговиот татко работел како молер за да му даде на синот подобро детство, но помладиот фудбалер не може да се замисли во таа професија.

„Не можев да бидам молер како татко ми. Би бил промотор на клуб на Ибица или Тенерифе. Би ги запознал сите со диско клубовите. Би патувал насекаде за да ја видам Англија, да бидам во пабови и слично. Јас сум само нормално момче, пораснав со фудбал, понекогаш зборувам за тоа со моето семејство …”

Грелиш одигра споредна улога во првите два натпревари, за да добие шанса и да блесне против Чешка. Против Германија исто така влезе од клупата и направи магија на теренот со одлични потези и му асистираше на Хари Кејн за вториот погодок.

Следниот испит со 25-годишникот и неговите соиграчи ќе биде во среда кога Англија ќе се соочи со Данска во полуфиналето на „Вембли“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Grealish (@jackgrealish)

 

Се вчитува...