Португалија по изведувањето на пеналите загуби од Франција и доживеа елиминација во четвртфиналето на Европското првенство 2024.
Според многумина, Португалците го имаа најдобриот тим на Европското првенство, но единствена болна точка им беше Кристијано Роналдо кој не смееше да игра од првата минута.
Тоа го смета и познатиот европски новинар Даниел Риоло…
„Навистина ми се допаѓа Португалија, и тоа секогаш сум го кажувал. Имаат одлични играчи и одлична репрезентација. Ме чуди тоа што по 2016 година кога го освоија првенството, повеќе немаа добри резултати. Всушност ја знам причината…“ – пишува Риоло и дополнува:
„Разбирам дека Кристијано Роналдо е легенда, но тој веќе со години не придонесува ништо за тимот. Така беше и сега. Португалија играше со десет на терен. И претходно сум кажам, не ми се допаѓа да го гледам таков. И целиот свет знае дека тој ја кочи оваа силна селекција на Португалија. Да, тој е легенда, мора да му се восхитувате, но тој ја спречи Португалија да оди до финалето на ЕВРО 2024“.
Роналдо со 39 години сосема извесно го играше своето последно европско првенство. Неговата желба се уште е да игра на Светското првенство 2026. За селекцијата на Португалија досега одиграл 212 натпревари, со постигнати 130 гола и асистирајќи 47 пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА