„Да не играте ко пички, што би рекол Столе“

Кога Македонија игра ракомет на ЕП – секој Македонец станува ЛЕЛЕКТОР. Лелека за секоја топка, скока, се превртува на тросед, пие пиво и вади пцовки од дното на душата. И најважно од се…знае ракомет повеќе од Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Лино Червар заедно…

_________________________________________________________________________________________________________________

Еве сум…нов јануари, и повторно сум Лелектор…ова, селектор. Спремни сме, ќе ги убиеме Украинците. Кај се бе тие за ракомет. Ние сме руска школа, ќе им го пуштиме Дибиров, ќе ги утепа.

Ооо…да, да…не игра Вардар, извинете.

Ама ако бе, Столе е тука…Играчот со број пет ќе ги напраи руска салата овие украинскиве тапанари. Го имам на лименка Скопско, ќе бидам и јас дел од играта.

Види сега….Му ја давате на Киро, јасно…Он има 40…ама за овие дунстериве и на 60 ќе биде фраер. Он ја тапка два-три пати…Иде накај средина, и оп….она неговото, му ја дава Столе. Он се врти као балерина, и – гол!

Не знам што не е јасно…Ептен е просто.

Нема да знаат Украинциве гзот кај им е. Еј, извинете однапред, ама кога има ракомет Европско – све е дозволено! И пушење у кафана, и пцуење пред телевизор, и „онадуење“ сестри, мајки и све остало.

Сега, утакмица ли е…што ли е.

Организирани сме за вечер. Ракија има од таа нашата, мезенце ќе изделкаат жениве, дојдете да глеаме. Треба да се напраи атмосфера! Победа ни треба! Па, Фаланга ли сме, што ли сме, алооо…

Глеам на Телма ќе праат преноси. Не е ко Топ Тема, ама па ќе се глеа некако. Ако не, ќе изгасиме тонот. Ќе си пуштиме од оние нашите…

Ја излези Ѓурѓоооо, ја излези сестро, ракомет да глеамееее…Ааааааа….Ракомет Ѓурѓо, да глеамееее….

Многу е битно, све да им ебам, први да поведеме со два – три разлика. И да не се заебавате у одбрана, мавајте јако, на оној Острушко одма да му ги скинете ушите. Други не ни знам бе Украинци.

Абе каква Украина ајде, без пет разлика не признавам. Ајде искачајте, и памет у глава…И да не играте ко пички, што би рекол Столе.

Ја излези Ѓурѓооо, ја излези сестрооо, ракомет да глеамееее….Аааааа….Ај, стај брат по една….Да се загрееме.

Се вчитува...