Џуд Белингем, ѕвездата на Реал Мадрид го насобра бесот на навивачите на Реал Мадрид откако на социјалните мрежи се појави видео од негова реакција за време на натпреварот со Барселона во финалето во Купот на Шпанија.
Англичанецот загуби топка при лошо додавање на средината на теренот, се фати за глава во неверување наместо да се обиде да го врати поседот за неговиот тим, а немата реакција знаеја да ја искористат фудбалерите на Барслеона.
Габи додаде топка во простор, помина и покрај него, а на крајот и постигна гол за каталонците.
Bellingham gives the ball away and spends his time standing still reacting, meanwhile Pedri makes a pass, runs by him, and scores. pic.twitter.com/vLPiEOjimT
— Luis Mazariegos (@luism8989) April 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА