„Да се биде или не“ натпревар на младинците во Словенија: Победа над Австрија носи место во „топ 8“

Македонската машка младинска ракометна репрезентација денеска од 14 часот и 20 минути во „Златорог Арена“ во Целје против Австрија игра за место во четвртфиналето од Европското првенство кое се одржува во Словенија.

По триумфот над Црна Гора и ремито со Хрватска избраниците на селекторот Раде Стојановиќ со триумф против Австриците имааат шанса да се пласираат во нокаут-фазата од разигрувањето за титула.

Во случај на пораз или реми, Македонија ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место.

Се вчитува...