Да се биде или не за ТФТ во БИБЛ

Најпријатното изненадување на сезоната, тимот на ТФТ денеска од 19 часот на домашен терен ќе си ги одмери силите против црногорскиот состав Ибар. Овој дуел воедно ќе биде и првиот клучен меч во својата историја каде победа би значела и пласман во следната фаза од БИБЛ лигата, во деби-сезоната на овој македонски прволигаш во регионалното натпреварување.

Македонскиот состав се наоѓа на петото место на табелата со скор 3-9, една победа зад четвртопласираниот Тиват кој има учинок од четри победи и шест порази, но избраниците на Смилковски имаат и подобра кош разлика од тимот од Теодо (187-184), па победа би значело осигурување на четвртата позиција и натпревари во вториот круг од првенството во кој ќе се вклучат уште две екипи од Израел, Хапоел Гилбоа Галил и Хапоел Холон.

„Подготвени сме за денешниот натпревар и покрај тоа што е еден дуел да се биде или не во една рана фаза од натпреварување. Атмосферата во составот во последните денови е одлична и апсолутно одиме на победа. Се подготвивеме за денешниот противник, а доколку го оствариме она што го зацртавме сигурен сум дека може да славиме. Ибар е сериозен противник, а и покрај тоа што денешниот дуел нема резултатско значење за нив, тоа не треба да мотив за опуштање, напротив дополнителна мотивација ќе биде високиот пораз од првиот меѓусебен дуел во Црна Гора“ – изјави за ЕКИПА, тренерот Боро Смилковски.

Тимот од Тафталиџе нема одиграно натпревар во регионалното првенство цели три недели, но во овој период новалијата блескаше на домашната сцена, а на денешната средба влегува по убедливата победа над Црн Дрим во последното коло од Првата лига.

 

Се вчитува...