Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ и тоа како добро си се забавуваат. Овој пат Дончиќ го воодушеви светот со својот нов автомобил кој го промовираше со помош на српскиот центар.
Лука во моментов е без својата Анамарија која поради факултетските обврски мораше да се врати во Словенија, но очигледно воопшто не му е досадно со неговиот „близнак“ – Марјановиќ, со кого одлично се разбираат.
Последно, низ улиците на Далас се возеа во олдтајмер на Форд во кој едвај влегоа. Дончиќ зад воланот, а 221 сантиметри високиот Марјановиќ на совозачкото место. Да се изнесмееш!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА