Да се наежиш: Навивачите на Бока со огномет ги испратија фудбалерите на пат за Мадрид

По гласните закани за бојкот раководството и фудбалерите на Бока јуниорс „легнаа на брашното“, па рано утринава полетаа од Буенос Аирес за Мадрид, каде на 9 декември ќе го играат реваншот од финалето на Копа Либертадорес против Ривер Плата.

Мотивот сигурно е уште поголем откако навивачите приредија незаборавно испраќање на своите миленици, во огромен број следејќи го клупскиот автобус на патот кон аеродромот, со огномет за тотална еуфорија.

 

Се вчитува...