Младата репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Драган Канатларовски, денеска од 17 часот во градот Коњиќ ја очекува пресметката со селекцијата на БиХ.
По одличниот натпревар на гостински терен против Полска и победата од 1-2, избраниците на Канатларовски денеска со желба за ново позитивно издание низ подготовката за продолжението од квалификациите за ЕП 2025.
„Одигравме навистина квалитетен натпревар со силна селекција како Полска, сосема заслужено доаѓајќи до победата. Беа реализирани комплетните тактички замисли на тој дуел, и сега со нов мотив ја очекуваме пресметката и со БиХ“ – вели македонскиот селектор Драган Канатларовски.
Македонија на денешниот дуел поради повреда нема да може да смета на фудбалерот од средниот ред Иван Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА