Да се знае кој е кој во Шпанија: Барселона убедливо со Еспањол за +9 бода пред Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на „Камп Ноу“ со убедливи 4-1, во натпреварот од 31. коло на Ла Лига.

Каталонците го искористија вчерашното реми на Реал, па сега се издвоија на +9 бода пред „кралевите“ во битката за титула.

Мечот го одбележа Ламин Јамал. Во 100-от натпревар во Ла Лига во својата кариера, тој регистрираше две асистенции веќе во првото полувреме. Стрелец во 9. и во 25. минута беше Феран Торес.

Гостите го намалија водството преку Пол Лосан во 56. минута, а потоа имаа уште неколку можности да израмнат.

Не успеаја, па казната дојде во 87. минута. Сега, Јамал погоди за 3-1.

Победата ја „запечати“ Маркус Рашфорд во 89. минута од играта, по центаршутот на Френки де Јонг.

Барса е прва на табелата со 79 бода, девет повеќе од Реал, додека Еспањол е 10-ти со 38 бода.

Се вчитува...