Поранешната легенда на Ливерпул, Пол Инс смета дека тимот од Енфилд треба да го убеди Роберто Фирмино да остане уште некоја сезона. Екс англискиот репрезентативец смета дека Фирмино е многу важен дел од клубот.
Инс кажа дека триото Мане, Салах и Фирмино било незапирливо токму поради добрите игри на Роберто.
„Пред неколку години Мане, Фирмино и Салах беа незапирливи токму поради Фирмино. На себе ги влечеше центарлните дефанзивци, и тоа оставаше простор за Садио и Мохамед. Ливерпул потроши многу на нови играчи како Дијаз или Нуњез, но никој од нив не го прави она што го прави Фирмино. Да сум на местото на Клоп, би направил се да го задржан. Доколку не успее таа мисија, тогаш сметам дека Фирмино би требало да замине во Интер. Тоа би бил одличен клуб за него“, изјави Инс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

