Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ го предводеше тимот од Колорадо до финалето на НБА, но секој ден сме сведоци дека тој не ја добива заслужената почит.
Иако српскиот репрезентативец игра во врвна форма и има шанса да и го донесе на франшизата првиот шампионски трофеј во историјата, поранешниот прв пик на драфтот Двајт Хауард даде интересен коментар за Јокиќ.
Поранешниот центар на Орландо, ЛА Лејкерс, Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија беше прашан кого би избрал: Двајт Хауард или Никола Јокиќ во врвна форма?
„Го избирам Хауард од најдобрите денови, секој ден. Би доминирал, би го играл секој посед со насмевка на лицето“, изјави Хауард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

