Бразилскиот фудбалер Нејмар е на прагот на трансфер од Барселона во ПСЖ кој ќе ги урне границите на тоа што досега воопшто изгледаше дека е возможно дури и во фудбалот, кој во светот е огромен бизнис. Францускиот клуб ќе плати отштета вредна 222 милиони евра за да го купи, а и тој ќе заработува вистинско богатство на „Паркот на принцовите“.
Нејмар за својот петгодишен престој во Пари Сен Жермен секоја седмица ќе инкасира по ЕДЕН МИЛИОН ДОЛАРИ. Со тоа, Бразилецот ќе стане најплатен фудбалер во светот, и ќе го надмине Карлос Тевез, кој во Кина заработува 813.000 долари седмично.
Годишно, вкупната сума која ќе оди на банковната сметка на Нејмар ќе изнесува вкупно 54 милиони американски долари. А дополнително, тој ќе заработува и од премии, бонуси и спонзорски договори.
Овој трансфер дефинитивно ќе ги урне сите досегашни бариери и ќе ја искачи летвичката на возможното во фудбалот на уште повисоко ниво.
Според најавите, Нејмар треба да потпише договор со ПСЖ во текот на утрешниот ден, откако ќе ги мине медицинските прегледи. Тој ќе биде претставен на главниот плоштад во Париз како ново засилување на ПСЖ, откако клубот побара специјална дозвола за тоа од градските власти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА