„Да ти е*ам цела фамилија“ – Дончиќ доби суспензија поради тоа што го бранеше своето семејство! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ нема да им биде на располагање на Лејкерс во следниот натпревар, бидејќи ја доби својата 16-та техничка грешка во сезоната во победата против Орландо, што автоматски значи суспензија од еден натпревар. Лука ќе го пропушти дуелот против Детроит, во време кога тимот е во одлична форма.

Лука Дончиќ откри што му претходело на неговата 16-та техничка грешка и судирот со Гога Битадзе, посочувајќи дека реагирал по навредите што не можел да ги игнорира.

„Ми рече на слободното фрлање дека ќе ми го е*е целото семејство. И во еден момент, едноставно не можам да го поднесам тоа. Морам да се заложам за себе“, рече Дончиќ.

Лејкерс веднаш објавија дека ќе се обидат да ја поништат техничката грешка и се надеваат дека Дончиќ сепак ќе може да игра против Детроит. Тренерот Џеј Џеј Редик нагласи дека недоразбирањето се случило затоа што судиите не го разбирале јазикот на кој Битадзе ги изговорил навредите.

Се вчитува...