Ван дер Варт, како и некои други поранешни играчи на Реал, деновиве жестоко го нападнаа тимот кој мора да се разбуди и да покаже повеќе на крајот од сезоната, како во шпанското првенство, така и во финалето на Копа дел Реј против Барселона.
Холанѓанецот овој пат се нафрли на еден од играчите на Карло Анчелоти за поразот од Арсенал. Ван дер Варт и неговиот сонародник Тео Јансен разговарале за инцидентот во кој, според нив, Антонио Ридигер намерно го згазил Луис-Скели од Арсенал.
Иако многумина таа ситуација ја толкуваат како нормален дел од интензивна игра и обид на Реал Мадрид да го промени резултатот, Ван дер Варт и Јансен на тоа гледаат сосема поинаку.
„Што се однесува до Ридигер, сите мислиме дека тоа беше намерно кога згазна противник. Тој играше во Штутгарт кога бев во Германија. Ме удри со тупаница во стомакот и веднаш доби црвен картон… Да, знаете, тој е малку идиот“, изјави Ван дер Варт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА