Актуелниот селектор на српската ракометна репрезентација Далибор Чутура евоцираше спомени од последниот голем успех на репрезентацијата. Тоа беше во 2012 година на Европското првенство организирано во Белград, кога српските ракометари стигнаа до последниот медал.
Тогаш златото во финалето го загубија од Данска со Микел Хансен, која со среќна победа над Македонија успеа да дојде до борбата за медали.
„Огромен притисок, особено што игравме со Хрватска во полуфиналето. За нашиот народ, за државата е важно, иако не гледавме така. Тоа беа нашите соиграчи, играв со тројца од нив во Леон. Добро сме воспитани, но притисокот на цел народ, народ, пријатели… Да изгубевме, ни Сава, ни Дунав немаше да не исперат“, изјави Чутура.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА