Одлична партија на македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ кој запиша „дабл-дабл“ ефект во 18. коло од шпанската АЦБ лига, но неговиот Хувентуд не успеа да се спаси од пораз на гостувањето против Бургос.
Хувентуд загуби од Сан Пабло Бургос со 92-87, во повеќе од израмнет меч кој беше решен во самата завршница. Димитријевиќ мина 28 минути на паркетот, притоа запишувајќи 17 поени, 10 асистенции и три скока, со одличен процент на шут за два поени од 7/9 и 3/3 од линијата за слободни фрлања.
Најефикасен кај Хувентуд беше Препелиќ со 34 поени, додека во победничкиот состав се издвоија Риверо со 15 поени и Басас со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА