Бујукчекмече се пласираше во следната рунда од квалификациите за Еврокупот на ФИБА, откако турскиот тим ја надополни негативата од еден поен од поразот на домашен терен од Днипро, вечерва триумфирајќи со убедливи 67-83.
Војдан Стојановски беше меѓу најдобрите поединци во редовите на Бујукчекмече, при што македонскиот репрезентативец оствари дабл-дабл од 13 поени и 11 скокови. Шутот не го служеше нашиот интернационалец (1/5 за три, 2/6 за два поени), но Стојановски даде огромен придонес во играта во одбрана, помагајќи му на својот тим да триумфира на ова тешко гостување.
Стојановски и соиграчите за ривали во второто квалификациско коло од Еврокупот ќе го имаат естонскиот претставник Тарту.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА