Даглас Коста дојде на заем во Јувентус

Даглас Коста е нов играч на Јувентус. Баерн Минхен се согласи да го пушти Бразилецот на едногодишна позајмица во редовите на Јуве за 6 милиони евра,  со согласност дека догодина ќе ги откупат правата на фудбалерот во износ од 40 милиони евра.

Медицинските прегледи за репрезентативецот на Бразил се закажани за утре, кога и официјално ќе потпише за „старата дама“.

Баерн Минхен му дозволи на Даглас Коста да ја започне соработката со италијанскиот клуб, откако „баварците“ го осигураа трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид. Колумбиецот дојде во слично сценарио како и Даглас Коста, прво на позајмица, па потоа ќе се случи комплетен трансфер.

 

Се вчитува...