Бразилецот Даглас Коста се жали на повреда на левото колено, а германските медиуми вчера излегоа со црни прогнози дека тој би можел да ги пропушти најважните мечеви на тимот, четвртфиналните дуели со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, како и полуфиналниот дуел од Купот на Германија против Борусија Дортмунд. Имаше дури и предвидувања дека лекарите размислуваат за хируршки зафат и во таков случај оваа сезона за Бразилецот ќе биде завршена. Но, тој вели дека најверојатно се десетина денови повторно ќе може да се приклучи на тренинзите на својот тим.
„Не доаѓа в предвид сега да заминам на операција, кога сезоната влегува во својот најважен дел. Се чувствувам подобро и добрите прогнози велат дека би можел да се вратам на тренинзите за десет дена. Не е така црно, како што делуваше во прв момент“, смирува Даглас Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА