Даглас Луиз минатото лето пристигна од Астон Вила во Јувентус за 51,5 милиони евра, а веќе може да биде избркан од клубот. Тој одигра одлична сезона во Премиерлигата во Астон Вила. На 35 настапи постигна девет гола и забележа пет асистенции. Се очекуваше да продолжи со добрите настапи во Јувентус, но во моментов е далеку од своите најдобри денови.
Луиз досега има осум настапи за тимот на Тиаго Мота, но ниту еден од првата минута. Во Серија А и Лигата на шампионите акумулираше 222 минути, а на последните два натпревари направи пенал.
На мечот со Лајпциг при резултат 2-3 и победата неговата грешка не ја чинеше скапо „старата дама“, но затоа во неделата значително го оштети тимот на Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА