Англискиот репрезентативец Ерик Дајер ќе го пропушти натпреварот против Црна Гора во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, поради повредата која ја заработи на мечот со Чешка.
Фудбалерот на Тотенхем заработи повреда на мускулите, а рехабилитацијата ќе ја изврши во клубот. До повредата дојде во 13. минута, по прекршокот од Томаш Соучека. Иако по укажаната помош, Дајер го продолжи мечот, тој во 26. минута мораше да го напушти теренот.
„Ако е Ерик единствениот играч кој е повреден, мислам дека дополнително нема да повикаме никого. Доколку се појави уште некој проблем ќе размислиме за тоа во наредните денови“, изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Натпреварот од второто коло против Црна Гора, Англија ќе го игра во понеделник, во терминот од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА