Дајер разочаран: Не знам зошто селекторот на Англија ме игнорира

Ерик Дајер во јануари се пресели од Тотенхем во Баерн Минхен и добива се поголема минутажа од Томас Тухел, што беше доволно за 30-годишниот дефанзивец да го крене гласот и да проговори за својот статус во англиската репрезентација.

Дајер има 49 одиграни средби за „гордиот албион“, но не е дел од плановите на селекторот Герет Саутгејт во последните 18 месеци. Последниот меч одигран во репрезентативниот дрес му е дуелот со Сенегал на СП 2022, а искусниот дефанзивец смета дека е неправедно игнориран од селекторот.

„Не би рекол дека имам пад во формата по СП 2022. Го играм најдобриот фудбал во кариерата отако Антонио Конте дојде во Тотенхем, ја задржав таа форма. Луѓето мислат дека имам 37 години или нешто, но јас сум на 30-годишна возраст, се уште сум во топ-форма и искрено не знам зошто селекторот ме игнорира. Сакам да играм за Англија на големите натпреварувања, верувам дека и заслужувам да бидам дел од репрезентацијата бидејќи поседувам квалитети за такво нешто“, изјави Ерик Дајер.

Се вчитува...