Дајте други „деца“, за овие сме пресилни (фотогалерија)

Македонските кошаркари продолжија со одличните игри во овој претквалификациски циклус, рутински триумфирајќи на дуелот со Словачка, за трета победа во низа и огромен чекор напред кон следната фаза од квалификациите за Евробаскет 2021.

Радува што разочарувањата од претходниот циклус е оставени зад нашите кошаркари, кои на овие три средби јасно покажуваат дека не припаѓаат во оваа „дружина“ на селекции од дното на европската кошарка. Пресилни се и за Словачка и за Швајцарија, заслужено убедливо први во групата, па сега со нетрпение ќе се очекуваат наредните предизвици.

Јасно е дека времето од литванското чудо е предалеку, но исто така е јасно и дека моментната репрезентација е многу посилна од местото на европската кошаркарска мапа на кое се наоѓа во моментов. А со ваков пристап, дисциплина и тимски дух, има простор за уште поголем напредок.

 

Се вчитува...