Откако загуби четврти меч по ред, Челси размислува да му врачи отказ на Лиам Розениор само неколу недели откако го замени Енцо Мареска на клупата на овој тим.
Челси попладнево беше поразен од Евертон со 3-0, а претходно „сините“ загубија двапати од ПСЖ, а во меѓувреме претрпеа и пораз од Њукасл во Премиерлигата.
Со тоа Розениор е под жесток удар, а челниците на овој тим од сега бараат решение. Челси во моментов е на шестата позиција на табелата со 48 бодови, еден помалку од Ливерпул и три од Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

