„Дајте ми го Ѓоковиќ веднаш на стартот на турнирот!“

Жоао Фонсека ја освои тениската јавност, а по одличниот Австралија опен и победата над Андреј Рубљев, многумина му предвидуваат иднина рамо до рамо со Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Фонсека, моментално кој е на 65. место во светот, роден е во 2006 година, три години откако Новак Ѓоковиќ стана професионалец. Младиот Бразилец во ексклузивното интервју за сајтот на Ролан Гарос ја истакна желбата да игра против Новак.

„Кога почнуваат овие големи турнири, грен слемови, квалификации, секогаш му велам на мојот тренер: „Ако влезам во главната ждрепка, сакам да играм против Ѓоковиќ“, бидејќи веројатно веќе нема да има многу можности за тоа. Се надевам дека ќе играм против него. Би сакал да играм против Ѓоковиќ веќе во првото или второто коло. Би дал се од себе, резултатот не би ми сметал, само би уживал“, изјави Фонсека. 

Се вчитува...